Тага до небо: Аки Рахимовски остави зад себе двегодишна ќеркичка

Починатиот пејач Аки Рахимовски ја чуваше својата приватност далеку од очите на јавноста. Последниов период најактуелна тема беше дека тој станал татко на 65 години, односно дека доби ќерка со таинствената Словенка Барбара која е 30 години помлада од него.
Тие двајца успешно ја криеле веста од јавноста дека чекаат принова речиси три месеци, а и малкумина знаеле дека ќе стане татко во зрело доба.
Во една изјава за медиумите, неговиот пријател и член на „Парни Ваљак“, Хусеин Хасанфендиќ Хус кажа:
„Ако можеше Мик Џегер да стане татко на 74 години, зошто да не може и Аки“.
На пејачот ќеркичката му е трето дете, а се вика Антонија. Тој претходно беше долго во брак со Ингрид со кого ги има синот Кристијан и ќерката Дина.
Денеска осамна веста дека почина на 67 годишна возраст, откако нагло му се влошило здравјето. Неговиот менаџер даде изјава дека веднаш бил однесен во болница, но по неколку часа, починал.
https://www-test.slobodenpecat.mk/se-oglasi-menadzherot-na-aki-rahimovski-izgleda-prichina-za-smrtta-e-slabo-srce/