Уапсен пироман, палел шума кај Крушево

Полициски службеници од СВР Битола вчера го уапсиле Ѓ.Н.(19) од село Врбоец, Крушевско, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10.40 часот во атар на село Врбоец. Во пожарот била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума. Судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.