• дедо мраз

ФОТО: Борба за пакетчиња во Зоолошката градина, мешаница пред очите на децата

Интересно замислен настан за најмладите денеска во Зоолошката градина во Скопје се претвори во борба за пакетчиња. Претпладне Дедо Мраз делеше пакетчиња на најмладите посетители на скопската зоолошка, но тука се вмешаа возрасните по што настана турканица, без да се почитуваат рестриктивните правила за држење на дистанца поради пандемијата со ковид-19.