Суперкомпјутер пресмета кој ќе ја освои ЛШ               

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во вторник продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите со првите четвртфинални натпревари меѓу Ајакс – Јувентус, Ливерпул – Порто, Тотенхем – Манчестер сити и Барселона – Манчестер јунајтед.

ТалкСпорт одлучи да го вклучи суперкомпјутерот и на основ на неколку параметри пресмета како ќе се одвиваат натпреварите се до финалето.

Според неговите пресметки, во четвртфиналето Јувентус со вкупни 3:1 ќе го елиминира Ајакс и во полуфиналето ќе игра против Манчестер сити кој со 4:2 ќе го победи Тотенхем. Ливерпул со 5:1 ке го победи Порто, а дербито помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед ќе му припадне на шпанскиот тим со 4:2.

Во полуфиналето Јувентус со 3:2 ќе биде подобар од Манчестер сити, додека Барселона со 4:3 ќе го исфрли Ливерпул.
Според суперкомјутерот, во големото финале за прв пат еден против друг во ЛШ би играле Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а конечната победа би му припаднала на Португалецот чиј Јувентус со 2:1 би ја совладал Барселона.

Видео на денот