Судското финале Николоски – Заев е закажано за 10 дена

Tекстови за наводни криминални зделки на Вице Заев, а објавени од Курир, Нетпрес, Денешен, Инфомакс и други портали денеска се читаа во Основниот суд Скопје 2 каде што во тек е судскиот граѓански процес за клевета и навреда против Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е тужен од Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев.

– Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена, во случај кога со слободното изразување се нарушува угледот и правата на другите – рече адвокатот Горан Заев, адвокатот на Вице Заев, кој нагласи дека со навредата се компромитира личноста на Вице и почитта од сограѓаните.

Николоски, пак, истакна дека изјавата е дадена со цел да се критикува власта и СДСМ, насочена кон работата на Владата, бидејќи работата на опозицијата била да ја критикува владата.

– Немав намера да го навредам тужителот, делот со тендерите е изваден од контекст, беше за Владата – истакна Николовски во завршните зборови.

Видео на денот