Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори/ Фото: mia.mk

Судскиот совет со внимание ги следи реакциите во јавноста, во врска со одлуката на Врховниот суд, која се однесува на Сојузот на синдикатите на Македонија и во рамките на своите надлежности презема дејствија во насока на констатирање на состојбата. До Советот доставена е претставка од Сојузот на синдикатите на Македонија истата веднаш е распоредена кај член на Советот и во тек е постапка по претставката.

Врховниот суд минатата година во ноември донесе пресуда за предметот во кој тужител е Република Северна Македонија против тужениот Сојузот на синдикатите на Македонија Скопје, за утврдување право на сопственост на недвижен имот кој претставува административна зграда како објект од општ интерес за државата. Со одлуката се одзема работничкиот дом од ССМ и се доделува на државата.

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавија постапка и пред Судскиот совет

Сојузот на синдикати на Македонија реагираше на оваа одлука и побара оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов најавид дека доколку судиите не поднесат оставки, ќе почнат постапка за нивно разрешување пред Судскиот совет.

ССМ бара одговорност од Врховен суд доколку е точно дека донел пресуда за одземање на Работничкиот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот