Студентите од Стив Наумов бараат рибарски чизми

Фото: Фејсбук

На ѕидот на Фејсбук страницата на Општина Гази Баба објавена е фотографија од дворот на студентскиот дом „Стив Наумов“, кој е поплавен после денешните дождови кои го зафатија главниот град.

Од друга страна, студентите иронично бараат рибарски чизми за да можат да пристапат до своите соби во студентскиот дом, апелирајќи на негрижата од страна на надлежните институции за решавање на овој проблем.

„Срамота, да ги прашаме одговорните на директорските позиции за што си ги полнат џебовите за да работат или за да си седат во фотелјите? “, гласи еден од коментарите на револтирана студентка и станарка во студентскиот дом.

 

Видео на денот