Студен туш од Атина за српските туристи: Нема влез во Грција пред 1. јули

„Грција ќе мора да ги следи препораките на ЕУ за отворање на границите за трети земји. Тоа, исто така се однесува на патници од Србија. Овие туристи ќе можат да влезат во земјите на ЕУ од 1. јули“. Вака гласи соопштението кое денеска попладне го добија српските туристички агенции.
Дефинитивно до 1. јули српските туристи нема да може да влезат на грчка територија, сите сме зачудени и ги молиме туристите за трпение“, вели Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација ЈУТА.
Српските туристи кои се упатија кон Грција во меѓувреме ги пречека одлуката на грчките власти дека тоа ќе биде можно дури од 1. јули, главно на тој пат тргнале самостојно, во сопствена режија и меѓу нив нема патници кои во Грција тргнале преку туристички агенции, изјави Сеничиќ.