Стоилов, Дибиров и Дисингер остануваат во Вардар!

Старо-новиот претседател Михајло Михајловски успеа да ги задржи едни од најклучните играчи во екипата и за новата натпреварувачка сезона.
Како што пренесува „Вардар фанс“, после заминувањето на рускиот интернационалец Сергеј Горбок, тројца важни играчи ќе ја продолжат соработката со клубот.
Верни на македонскиот шампион Вардар остануваат Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер.
Старо-новиот претседател Михајло Михајловски успеа да ги задржи едни од најклучните играчи во екипата и за новата натпреварувачка сезона.
Претходно истото го направи и Иван Чупиќ, нов ракометар е Томислав Јагуриновски, а следен кој треба да се согласи за останување во „црвено-црниот“ дрес е Глеб Калараш.
Истиот извор овие денови очекува и нови имиња во Вардар, и тоа на бековските позиции.
Воедно нашиот репрезентативен голман Никола Митревски нема да го засили клубот од СЦ „Јане Сандански“, односно одлучи да брани во португалската лига, во амбициозниот тим на Порто.