СТО: Зголемување на производството на вакцини ќе биде тема на собирот во април

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивела изјави дека планира да организира собир кон средината на следниот месец, посветен на зголемувањето на производството на вакцини против ковид-19.
– Идејата е да започнеме со решавање на неприфатливиот, нерамноправен пристап кон вакцинацијата на граѓаните во сиромашните земји, истакна Окоњо-Ивела.
На собирот организиран од СТО ќе присуствуваат регионалните групи на СТО, производителите на вакцини од земјите во развој и развиените држави, како и претставници на граѓанскиот сектор, се наведува во соопштението на организацијата.
Видео на денот