Стартуваат квалификациите за ЕП 2020

Денес започнуваат квалификациите во кои 55 репрезентации ќе се борат за пласман на европското фудбалско првенство 2020 година.
Дербито ќе се игра во Брисел каде Белгија ќе ја пречека Русија, а големи возбудувања се очекуват и во Виена каде Австрија ќе се сретне со Полска.
Европското првенство е предвидено да се одржи од 12 јуни до 12 јули и ќе се игра во 12 земји. Финалниот меч ќе се игра нво Лондон на стадионот „Вембли“. Бранител на титулата е Португалија.
Двојки за денеска:
Група Ц
Северна Ирска – Естонија
Холандија – Белорусија
Група Е
Словачка – Унгарија
Хрватска – Азербејџан
Група Г
Израел – Словенија
Северна Македонија – Латвија
Австрија – Полска
Група И
Казахстан – Шкотска
Кипар – Сан Марино
Белгија – Русија
Видео на денот