Средства од 1.300 милијарди долари ја напуштаат Британија поради Брегзит

Банките и другите финансиски компании ќе пренесат повеќе средства и работни места надвор од Велика Британија, во позадината на драмата околу претстојниот Брегзит.

Компаниите за финансиски услуги во земјата ги објавија плановите за движење на средства во вредност од 1.300 милијарди долари во земјите-членки на Европската унија, според податоците на консултантската компанија „EY“, цитирани од „CNN“.

Ова е повисока бројка од претходните пресметки кои укажуваа дека пренесените средства ќе изнесуваат 1.100 милијарди долари.

Многу банки веќе отвориле нови канцеларии во Германија, Франција, Ирска и други земји од ЕУ со цел зачувување на бизнисот во Европа по Брегзит.

Ова значи дека тие исто така ќе поттикнат значителни суми за да ги исполнат регулаторните барања на ЕУ.

Други компании префрлаат средства, за да ги заштитат клинетите од пазарни нагли промени во регулациите кои можат да се случат меѓу Велика Британија и најголемите нејзини трговски партнери по излегувањето од ЕУ.

Индустријата за финансиски услуги брои околу 12% од британската економија, обезбедувајќи работа за 2,2 милиони луѓе.

„EY“ ги следат 222 од најголемите финансиски компании во Велика Британија, откако беше одржан референдумот за Брегзит во јуни 2016 година. Аналитичарите посочуваат дека има опипливо зголемување на бројот на компании кои објавуваат дека ќе ги преместуваат вработените, операциите и средствата, подговувајќи се за разделбата со ЕУ.

Губење на даночните приходи

Бројот на работните места, кои ќе бидат преместени од Велика Британија во блиска иднина, изнесува околу 7.000, покажуваат податоците на „EY“. Ова ќе ја чини земјата најмалку 794 милиони долари во форма на изгубените даночни приходи.

Пресметките на „EY“ трансферот на средства во ЕУ се конзервативни, но се совпаѓаат со очекувањата на Европската централна банка.

Андреа Енрија, шеф на банкарскиот регулатор во ЕЦЦ, коментираше за „Financial Times“ минатата недела дека централната европска банка очекува средства за околу 1.200 милијарди евра (1.400 милијарди долари) да бидат преместени од Велика Британија во земјите од еврозоната.

Точната проценка ќе зависи од околностите во кој ќе се појави Брегзит.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ за само 8 дена, но премиерот на земјата Тереза Меј не успева да добие поддршка од британскиот Парламент за договорот за условите за одделување, кој го постигна со ЕУ.

Мај сега ќе побара од Унијата да го одложи Брегзитот до крајот на јуни оваа година. Ако ова не се случи, шансите на земјата да ја напуштат ЕУ без договор на 29 март значително се зголемуваат.

Централната банка на Велика Британија вели дека ова сценарио ќе донесе повеќе негативни последици од финансиската криза во 2008 година.

За финансиските институции, излезот без договор би бил кошмар, поради што тие се подготвуваат да ја ограничат штетата од таков развој.

Видео на денот