Спогодба од милиони долари: Скарлет Јохансон и „Дизни“ се договорија за „Black Widow“

скарлет јохансон
Фото: Принтскрин / Instagram

Студиото „Волт Дизни“ и Скарлет Јохансон се спогодија во легалната битка за изданието на филмот на Марвел „Black Widow“.

Пред два месеци Јохансон покрена тужба кон куќата Дизни, обвинувајќи ги за прекршување на договорот за стриминг на филмот на платформата „Disney+“, кој бил пуштен додека филмот сè уште се прикажуваше во кино салите.

„Драго ми е што успеавме да се договориме заедно со Скарлет Јохансон за „Black Widow“. Го цениме нејзиниот придонес за „Marvel Cinematic Universe“ и се радуваме на заедничка соработка на бројни претстојни проекти, вклучувајќи го „Disney Tower of Terror““, изјави Алан Бергман од студиото Дизни.

И Јохансон изјави дека е задоволна што успеале да ги решат несогласностите и се радува за идни соработки со куќата која е една од најголемите гиганти во забавната индустрија.

„Горда сум на работата која ја имаме сработено заедно во текот на изминатите години и многу уживав во креативниот однос со тимот“, изјави Скарлет.

Филмот „Black Widow“ започна да се прикажува во кино салите на 9 јули, а истовремено беше пуштен и за стриминг на „Disney+“ платформата, достигнувајќи рекордна заработка меѓу изданијата во време на пандемијата од околу 150 милиони евра.

Истиот месец Скарлет, која ја достигна листата на Форбс за најплатени актерки, ја покрена тужбата во која вели дека е сериозно оштетена од паралелниот стриминг кој донел 60 милиони долари само во првите 20 дена од пуштањето.

Како што ќе наведе во тужбата, нејзината компензација била претежно базирана на придонесите од бокс-офисот, и во договорот со куќата бил дека филмот ќе биде „театарско издание“. Од друга страна пак, куќата излезе со бурни реакции дека Скарлет нема основан случај, а таа и веќе добила надоместок од 20 милиони долари.

Иако не се познати финалните бројки за кои постигнале договор, јасно е дека двете страни успеале да го завршат конфликтот со добри впечатоци.

Видео на денот