Спал го одложи шампионското славје на Јуве (ВИДЕО)

EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Екипата на Спал успеа да направи вистински подвиг во рамките на 32. коло од Серијa А со победата над Јувентус од 2:1. Сега Јувентус ќе мора да почека до следното коло за и теоретски да ја освои шампионската титула.

Јувентус поведе преку Моисе Кин во 30. минута, а пресвртот на Спал дојде во вториот дел со головите на Бонифаци во 49. и Флокари во 74. минута.

Видео на денот