Сопругот на Билјана Беличанец ја пронашол актерката обесена во неговиот стан

Сашо Миленковски, сопруг на актерката Билјана Беличанец Алексиќ, синоќа во 22.30 часот во полициската станица Центар пријавил дека во неговиот стан на улица „Истарска“ ја пронашол почината неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот со бесење, соопшти МВР.
Итната медицинска помош констатирала смрт, Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
Беличанец беше родена на 25 јули 1973 година. Од 1997 година таа беше вработена во Драмскиот театар во Скопје.
Беличанец имаше и четиригодишна политичка кариера, како градоначалничка на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.
Таа неодамна се омажи со режисерот Сашо Миленковски. Од првиот брак има две малолетни деца.