Солскјер со отровни стрели кон Реал Мадрид, водат кампања против нас

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата во пресрет на денешната средба со Вест Хем во Премиер лигата го обвини Реал Мадрид дека започнал кампања за доведување на Пол Погба.

Според англиските медиуми, Погба во последните неколку недели , поточно со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“ го сменил односот кон Манчестер јунајтед, и Солскјер за тоа директно го обвини Реал Мадрид. Погба по квалификациските настапи за ЕП 2020 година, изјави дека му е сон да заигра под водство на Зинедин Зидан, а медиумите блиски до тимот од Мадрид веднаш почнаа да пишуваат за евентуалниот трансфер.

– Можно е да постои кампања за негов ангажман. Никогаш не знаете што се случува зад кулисите но се е можно. Не можам да кажам дека гледам големи промени во однесувањето на Пол бидејќи тој е голем професионалец. Но гледам некаква шема во потезите на Реал Мадрид и медиумите блиски до него – изјави Солскјер.

Зборовите на тренерот на Манчестер добиваат на тежина и поради статистиката, Погба во првите 10 натпревари под водство на Солскјер постигна осум голови и имаше пет асистенции, додека во последните 10 средби има само една асистенција.

Видео на денот