Снимала видео клип, па паднала од покрив на зграда во Ниш

Деветнаесет годишна девојка загина при пад од зграда во Ниш. Како што пренесува РТС, несреќата се случила додека девојката снимала видео за социјалните мрежи.

Несреќата се случила околу 19 часот, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

На лице место веднаш пристигнале екипи на брзата помош кои констатирале смрт кај 19-годишната девојка.

Девојката паднала од 15 метри височина, но точни информации за несреќата се уште нема.

Видео на денот