Снег и студ во Грција- затворени патиштата околу Атина, Евија и Виотија

Снег во Грција
Снег / Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Поради зимско време и снегот во Грција затворени се патиштата во планинските области околу Атина, Евија и Виотија, а фериботите не го напуштаат пристаништето поради бурните ветрови, јавуваат денеска грчките медиуми.

Снег падна на ридовите Парнита и Пентели во Атина, што ги натера властите да ги затворат патиштата што водат кон околните планини додека не се исчистат од снег и да се безбедни за возење, пишува порталот Катимерини.

Потребна е зимска опрема и синџири за снег на стариот национален автопат Елефсина околу Каза во западна Атика, додека училиштата, канцелариите и деловните субјекти во областите погодени од лошото време работат онлајн, соопшти службата за цивилна заштита.

Бурните ветрови на Егејското Море утринава ги спречија фериботите да ги напуштат атинските пристаништа Пиреја, Лаврио и Рафина.

Делови од Евија и Виотија се соочија со слични проблеми што ги донесе студениот зимски фронт наречен Авги, а особено силни снежни врнежи имало во Стена и Леонтара.

Според прогнозата на Националната метеоролошка служба, и натаму се очекуваат ниски температури и снег во Тесалија, островите Споради, источните делови на централна Грција, Евија и северниот и источниот дел на Пелопонез, како и на повисоките места на Крит и Егејското Море , додека за останатите делови од земјава се прогнозираат врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот