Смирете ја кашлицата со морков, еве како да направите домашен сируп

Со промените на времето доаѓаат и разните инфекции и воспаленија, како и кашлицата која е симптом при настинки кај децата но и кај возрасните. Морковот е една од нутритивно најбогатите зеленчуци, па така овој сируп сигурно ќе ја олесни вашата кашлица, но и кашлицата на вашето дете.

Иако често го доживуваме како обичен, морковот е крал на зеленчуците – нискокалоричен, а суперхранлив и лековит. Исклучително е богат со каротеноиди кои во организмот се претвораат во активен облик на витаминот А. Исто така е добар извор на витамините Б, Ц и К како и разновидните минерали: калциум, железо, калиум, манган, магнезиум, фосфор…

Поради каротеноидот, односно витаминот А, кој е важен за здравјето на очите, морковот е традиционално познат и како храна за видот, но одличен е и за јакнење на имунитетот, а ја подобрува и работата на цревата.

Морковот исто така е мелен при дишни проблеми – помага при настинки, кашлица, бронхитис, астма…

Сирупот од моркови е традиционален природен лек против кашлица. Ви претставуваме две варијанти на рецепт за сируп кој се препорачува во количина од 3 до 4 лажици на ден за деца, а до 8 лажици за возрасни.

  1. Состојки и подготовка:

– 2,5дл свеж сок од моркови направени во соковник

– 2 лажици мед

– малку вода

Кратко варете го сокот од моркови заедно со медот и водата со постојано мешање.

  1. Состојки и подготовка

Подгответе 1/2 кг морков и 4 лажици мед

Морковите исчистете ги и исецкајте ги на кругчиња. Ставете ги во сад и прелијте ги со вода колку само да бидат морковите прекриени со вода. Кратко варете ги додека морковот да омекне.

Извадете ги од водата и испасирајте ги со миксер или блендер. Водата во која се варел морковот оставете ја да се олади, па додадете го медот и додадете ги и блендираните моркови и се добро промешајте.

Видео на денот