„Слободен печат“ дознава: Обвинител дал насока во полициска станица да се викнат организаторите на кампот

Јавно Обвинителство / Фото: МИА
„Слободен печат“ од свои доброупатени извори дознава дека јавен обвинител издал насоки, во полициска станица на разговор да се повикаат организаторите на кампот кој се одвивал викендов во близина на Скопје.

На извидничкиот камп, како што претходно објавивме базирано на сведоштва од учесници и нивните родители, имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.

Откако организаторите ќе дадат исказ во станица, потоа материјалите ќе бидат испратени до обвинителот кој ќе оцени какви дејствија ќе се преземат понатаму.

Инаку, мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред за „Слободен печат“ потврди дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани.

И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Видео на денот