Скандирање и аплаузи: Полна арена во Белград му оддаде почит на големиот Дуда

Партизан и Анадолу Ефес со транспарент: „Дуда, ти благодариме“/Белград, Србија/16 септември 2021/Фото: KK Partizan

Со минута молчење му беше оддадена почит на легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ кој денеска почина во Белград, Србија.

По тажната утринска вест за смртта на кошаркарскиот великан, беше одлучено да му се оддаде последна почит пред полната „Штарк Арена во Белград.

Судбината сакаше тоа да се случи на баш на натпреварот помеѓу клубовите кои го водеше на почетокот и на крајот од професионалната тренерска кариера.

Од едната страна на теренот – Партизан, каде што ја започна неговата сениорска приказна, од друга страна, турскиот Анадолу Ефес кој го водеше од 2014 до 2016 година.

Тагата течеше, на многумина им беше тешко да ги сокријат солзите. Срцето на легендарниот тренер престана да чука во раните утрински часови, токму на денот кога последниот натпревар во неговата играчка кариера беше планирано да го одигра капитенот на белградските „црно-бели“, Новица Величковиќ. Оддадена почит со едноминутно молчење, а пред и потоа, се слушна силен аплауз при споменувањето на неговото име.

Сликата на Дуда беше на екранот на горниот дел од салата, а од трибините се слушаше: „Ивковиќ Душан, Ивковиќ Душан“. Се прости од тренерската кариера во Атина. И денеска беше пречекан како што заслужува во најголемата српска сала.

Ин Мемориам: Почина Душан Дуда Ивковиќ

Перо Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за сѐ

Видео на денот