Тотенхем со победа го отвори новиот стадион (ВИДЕО)

EPA-EFE/WILL OLIVER

Тотенхем конечно дочека да настапи на новиот стадион, а напаѓачот Хеунг-Мин Сон ќе биде запишан како стрелец на првиот гол на една милијарда фунти вредното здание.
Тотенхем со 2:0 го совлада Кристал палас, првиот гол беше дело на Сон во 55. минута, додека Ериксен во 80. минута го постави конечниот резултат.

Манчестер сити со триумфот од 2:0 над Кардиф се врати на првото место на табелата и во последните седум кола до крајот го очекува жестока борба за титулата со Ливерпул.
Во победничка серија влезе и Челси кој без проблеми со 3:0 го совлада Брајтон и остана во трка за четвртото место на табелата кое води во ЛШ.

Видео на денот