Силјановска со видео спот од родната куќа ја започна претседателската кампања

Фото: Принтскрин

Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, синоќа точно на полноќ ја започна својата кампања пред родната куќа во Охрид.

-Кампањата за претседателски избори ја започнувам од местото каде започна мојот живот. Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт – со овие зборови кандидатката Гордана Силјановска Давкова, точно на полноќ ја започна кампањата.

Силјановска Давкова вели дека е родена во Народна Република Македонија, но сега треба да лаже ако сака да ја смени личната карта дека била родена во Република Северна Македонија.

-Темнина насекаде, како и во државата. Посакувам светлина. Мислам дека моментов што го делам со вас, моментот на почеток на мојата кампања, ќе биде почеток на крајот на една власт- порача Силјановска Давкова.

Таа ја обвини актуелната власт дека поради нивните политики, Охрид и покрај тоа што еден од најубавите градови во светот е темен, како и дека е темна целата држава.

Изјава за почеток на кампања

Кампањата за претседателски избори ја започнувам од местото каде започна мојот живот. Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт. #ПравоИПравдаЗаМакедонија

Publiée par Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова sur Dimanche 31 mars 2019

Видео на денот