Штипската полиција ќе истражува кој повикал итна помош за синот на Захариев

Штипската полиција денеска ќе започне истрага за да се утврди кој ја повикал итната помош за да извести за смртта на синот на поранешниот градоналачник Илчо Захариев.

Како што е познато од претходно, денеска во 09.50 часот во полициската станица Делчево, од Итната медицинска помош во Делчево било пријавено дека во атар на село Звегор, Делчевско, бил пронајден починат А.З.(23).

Сега ќе се истражува кој ја повикал Итната медицинска помош во Делчево.

Видео на денот