Схинас: Посетата на Ципрас на Северна Македонија е за европска нормализација на Западен Балкан

Надлежниот комесар, господинот Хан, ја поздрави посетата која е токму во логиката за нормализација, европска нормализација на Западен Балкан, за која Грција, како институционално, така и на бизнис ниво, има и мора да игра одлучувачка одлука, вели Маргаритис Схинас, портпаролот на Европската Комисија за ставот на ЕК за неодамнешната посета на Алексис Ципрас на Скопје.

Во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на ситуацијата на Западен Балкан, особено по Договорот од Преспа, Схинас вели дека државите полека чекорат кон европскиот пат, нешто што е новина за регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

-По многу години, постои една динамика во Југоисточна Европа и на Западен Балкан, за прв пат по многу години, сите земји од регионот јасно да се подредат на европскиот пат. Ова е релативно ново. Во минатото не беше ваква ситуацијата и ова е голем успех на Европа. Но, не само на Европа, туку секако и на државите од регионот кои полека полека се обидуваат да профитираат од оваа, како што оценувам, неповратна промена на општествените и политички сили кон Европа, вели Схинас и додава дека овој политички капитал не треба да се загуби, а и „не значи дека се отстранети сите ризици”.

Портпаролот на Европската Комисија вели дека беа потребни многу години за да се искорени иредентизмот од Балканските земји, но никогаш не треба да се испушти од вид дека „опасноста од иредентизам и етнички и други конфликти секогаш е постоечки, не само со зборови, туку и со реторики, тактики, споменици итн”.

Видео на денот