Северина на премиерата на „Игра на тронови“

Принтскрин/Инстаграм

Балканската музичка ѕвезда заедно со нејзиниот сопруг Игор беа на премиерата на првата епизода од „Игра на тронови“.

Таму Северина се запозна со голем дел од ѕвездите на серијата, меѓу кои и Емилија Клерк која ја глуми Денерис и Софи Тарнер, која ја гледаме во улогата на Санса Старк.

„Мајката на змејовите… Денерис Таргарен“, напиша хрватската пејачка во описот на фотографијата на која позира со една од главните актерки во серијата, Емилија Клерк.

Севе исто така ја искористи приликата да се дружи и со други претставници на светскиот џет-сет, кои беа присутни во театарот Зигфилд на премиерата на првата епизода од новата сезона на „Игра на тронови“.

Видео на денот