Селма Блер храбро зборува за својата болест

Фото EPA/PAUL BUCK

Актерката Селма Блер боледува од мултиплекс склероза, а тоа пред јавноста го откри веднаш откако болеста ѝ беше дијагностицирана.

Оваа болест ги напаѓа нервниот систем, коскената срж, очните нерви и мускулите.

Таа отворено признава дека веќе има проблеми со говорот и со моторните функции и дека голем дел од секојдневните работи не може да ги врши сама. Еден од најголемите проблеми ѝ е шминкањето.

Откако се бори со болеста, таа забележала дека многу често луѓето и забележуваат дека лошо се нашминкала или дека нешто не е добро нанесено. Потоа разговарала со својот менаџер кој ѝ рекол дека нема потреба да се мачи сама, бидејќи секогаш ќе има кој да ја нашминка.

Видео на денот