Секоја трета жена има надградба на коса, но не знае што навистина има на главата!

Бројот на жените кои своите коси ги продолжуваат со надградба од година во година е сè поголем, но ретко која жена знае од каде доаѓа косата која завршува на нејзината глава.

Косата главно доаѓа од хиндуските храмови, каде што сиромашните жени трпеливо чекаат во редови и по неколку часа за монасите да им ги избричат главите, пренесува „Дејли мејл“.

Повеќето од тие жени никогаш во животот не ја боеле, па ниту ја шишале својата коса и затоа нивното влакно има неверојатна вредност на пазарот. Косата ја третираат со кокосово масло за да остане свиленкаста, не користат шампони со хемикалии и редовно ја чешлаат.

Косата на повеќето жени во Индија е изклучително црна, но е толку здрава што без проблеми ја прифаќа бојата, па фризерите низ светот можат со неа да прават што сакаат. Индија е една од водечките земји од кои се извезува коса. Со оглед на тоа што жените не сакаат надомест за својата коса, сите сретства одат во буџетската каса.

Храмот Тирумала од косата заработува 25 милиони евра годишно.

Видео на денот