Се очекува Трамп денеска да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за „странска терористичка организација”, а неименувани американски функционери потврдија дека овој чекор без преседан со кој Белата куќа го зајакнува притисокот врз Техеран би можел да биде објавен уште денеска.

Овој чекор на Трамп би можел да има големи последици врз американскиот персонал и политиката на САД на Блискиот исток и во други подрачја.

Оваа информација првпат беше објавена во саботата по што претседавачот со Комитетот за национална безбедност на иранскиот Парламент, Хешматолах Фалахатпишех изјави дека Иран би можел да ја стави американската армија на списокот со терористи ако Вашингтон ја прогласи елитната иранска Револуционерна гарда за странска терористичка организација.

– Ако Револуционерната гарда биде ставена на американскиот список на терористички групи, ние армијата на таа земја (САД) ќе ја ставиме на црната листа на терористи веднаш со Даеш (Исламска држава)”, напиша Фалахатпишех на Твитер.

Видео на денот