Се гради најголемиот аеродром во светот

фото: EPA-EFE/WU HONG

Во тек е огромен градежен проект на 50 километри јужно од Пекинг, а според информациите кога ќе биде завршен ќе стане најголемиот аеродром во светот.

Изградбата на аеродромот „Дакинг“ во кинескиот главен град досега чинела само 12 милијарди долари, а официјалното отворањето е планирано за 30 септември.

По завршувањето новиот аеродром ќе работи како втор меѓународен аеродром во Пекинг, со цел да се намали притисокот врз веќе постоечкиот Меѓународен аеродром во Пекинг.

Според „Бизнис инсајдер”, прво ќе бидат пуштени во употреба четири писти, а аеродромот „Дакинг“ во моментов има седум писти.

Видео на денот