Санчо не мрда од Дортмунд

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Англиската сензација Џејдон Санчо, кој со игрите сезонава ја воодушеви фудбалска Европа, е цел на интерес на најголемите европски екипи кои почнаа да нудат и по 100 милиони евра за неговите услуги.
Но директорот на Борусија Дортмунд, Ханц-Јоаким Вацке, вели дека нема намера летово да се раздели со младиот фудбалер.

– Борусија ова лето нема да ги разгледува понудите кои ќе пристигнат за Џејдон Санчо. Неговиот напредок од доаѓањето од Манчестер сити е неверојатен. Санчо за своја возраст игра одлично, но мора да бидеме крајно внимателни со него посебно во јавноста, треба да сме свесни дека има само 19 години. Не ми е дозволено да изгуби ниту милиметар од фокусот на теренот, бидејќи ако сакаш да бидеш најдобар мора постојано мислиш само на фудбалот. Погледнете го Кристијајно Роналдо кој со години е недопирлив, а таму се најде поради тоа што фокусот му е насочен само на фудбалот и на усовршувањето. Засега Џејдон е талентиран играч со огромен потенција да биде најдобар во светот во иднина – вели Вацке.

Џејдон Санчо сезонава настапи на 27 натпревари за Борусија во сите натпреварувања и постигна осум гола на кои им придодаде и 13 асистенции.

Иако речиси сите големи европски гиганти се заинтересирани за неговите услуги, најголем интерес пројавуваат Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Манчестер сити, кои уште сега се подготвени да платат 100 милиони евра како обесштетување.

Видео на денот