Сафин сподели тајна чувана 16 години: „Ѓоковиќ ми се извинуваше после поразот“

Марат Сафин беше свесен дека тогаш 17-годишниот Новак Ѓоковиќ има огромен потенцијал/Фото: EPA/VASSIL DONEV

Поранешниот руски тенисер Марат Сафин се сети на дуелот со моментно првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ од пред 16 години.

Тогаш, српскиот тенисер ја започнуваше кариерата, а на првиот меч на „Австралија опен“ доживеа висок пораз од Русинот со резултат 3:0 по сетови 6:0, 6:2, 6:1.

По мечот кој траеше само 74 минути, Ѓоковиќ му кажа нешто на мрежата на Сафин, што го откри дури 16 години подоцна.

– Ѓоковиќ ми рече по мечот: „Жал ми е“! Веројатно затоа што делуваше дека имав лесна задача. Но, тој даде сè од себе, јас бев убеден дека ќе биде одличен тенисер, и тоа му го кажав веднаш. Тој тогаш имаше само 17 години, и со огромен потенцијал. Му посакав сè најдобро, како и долга, успешна кариера – рече Сафин.

Подоцна Ѓоковиќ деветпати го освојуваше „Австралија опен“, а досега има вкупно 20 грен слем титули.

– Играв навистина добро. Тоа беше првото коло, и секогаш е подобро да бидете целосно, 100 проценти концентрирани, за да можете да продолжите без тешкотии. Сакате да поминете малку време на теренот, бидејќи никогаш не знаете што ве чека потоа. Новак беше млад, никој не знаеше ништо за него, морав да бидам внимателен, свесен дека нема што да загуби, но ми беше драго што многу луѓе од Србија и Русија навиваа за мене и него – додаде Сафин.

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Видео на денот