САД со 37 блиндирани возила за Албанија

САД донираа 37 блиндирани возила за албанските вооружени сили од марката „Интернешнал макс про МРАП“ наменети за употреба од страна на албанските воени структури како дел од колективната одбрана на НАТО алијансата.
Албанската министерка за одбрана Олта Џачка, и се заблагодари на американската Влада за континуираната помош за Албанија и истакна дека возилата ќе овозможат проширен спектар на задачи и мисија на нашите војници и ќе ја подобрат безбедноста на персоналот.
„Оваа донација значи повисок квалитет на капацитетите, повеќе заеднички заложби и, секако, поголема безбедност и за нашата земја и за алијансата.“ изјави министерката Џачка.
Американската амбасадорка во Тирана, Лејла Мосес – Ванс, која исто така учествуваше во свеченото предавање на донацијата, високо ја оцени улогата на Албанија во регионот, како и ангажираноста на актуелното раководство на Министерството за одбрана и вооружените сили на Албанија.
Блиндираните возила имаат капацитет од 3-7 војници и отпорни се на мини и слични заседи.