Рускиот амбасадор во ЕУ: Приемот на Северна Македонија во НАТО може да го дестабилизира Балканот

Фото: МИА

Приклучувањето на Северна Македонија во НАТО може да го дестабилизира целиот Балканскиот регион, а проширувањето на Алијансата да ја загрози европската безбедност, оценува амбасадорот на Русија во ЕУ, Владимир Чизов, во интервју за „Известија”.

– Ние разбираме дека целата работа со Преспанскиот договор е направена за да се овозможи побрзо приклучување на Македонија во НАТО. За нас сликата е сосема јасна: Земјата за уши се влече во Алијансата. Тоа има негативно влијае врз европската безбедност и стабилноста во Балканскиот регион – изјави Чизов.

Рускиот амбасадор во ЕУ оценува и дека процедурата за промена на името, според зборовите на претседателот Ѓорге Иванов, поминала „со повреда на Уставот и неуверливи резултати од референдумиот”.

Според Чизов, проширувањето на НАТО е обид за справување со предизвиците на 21 век, но со средства и механизми создадени во средината на 20 век.

Видео на денот