Русинот Попов призна како се изживувал и ја убил Кетрин Сиро

Александар Попов (43), поранешен осуденик со историја на насилни сексуални злосторства се појави пред рускиот суд под обвинение за убиство на поранешната припадничка на американската морнарица Кетрин Сиро, која влезе во неговиот автомобил минатата недела брзајќи да стигне до клиника во Нижни Новгород.

Последната порака што Кетрин и ја испрати на својата мајка е дека се надева дека нема да ја киднапира.

Попов  беше фотографиран на суд, облечен во маскирна маица во саботата доцна попладне, откако тој ден беше пронајдено тело на 34-годишна Американка во шумата. Попов е обвинет за силување и убиство, откако го признал ова дело.

Според „Њујорк пост“, Попов има долго досие кое содржи осуди за силување и сексуален напад, како и хулиганство и грабеж.

Кетрин Сиро, која се пресели во Русија од Калифорнија во 2019 година за да студира право на универзитетот Лобачевски, исчезна во вторникот вечерта. Набрзина, таа прифатила да влезе во автомобилот со странецот наместо да чека за „Убер“.

Попов им рекол на истражителите дека ја одвел во шума надвор од Нижни Новгород, каде што ја силувал и ја удирал со тупаници. Потоа ја прободел три пати и ја „оставил да умира во шумата“ пред предградието на Бор каде живеела.

Попов доби одлука за притвор од два месеци, а му се заканува доживотен затвор.

Пронајдено е телото на Американка која исчезнала во Русија

Видео на денот