Русија сега располага со девизни резерви и злато во вредност од 557,5 милијарди долари

Москва од крајот на 2019 година ги зголеми своите девизни резерви за 7,7 милијарди долари, односно за 1,4 отсто.
Златните и девизни резерви на Русија достигнаа 557,5 милијарди долари во првите 10 дена на новата година, покажуваат најновите податоци на руската централна банка.
Москва од крајот на 2019 година ги зголеми своите девизни резерви за 7,7 милијарди долари, односно за 1,4 отсто.
На 27 декември, тие резерви изнесуваа 549,8 милијарди долари, пренесува „Раша тудеј“. Нивното сегашно ниво е највисоко од октомври 2008 година, кога девизните резерви изнесуваа речиси 547 милјарди долари.
Русија потроши значаен дел од своите резерви за поддршка на рубљата поради последиците од финансиската криза и по воведувањето на западните санкции за Москва во 2014 година поради конфликтот во Украина.
Отткогаш оваа земја ги обновува своите девизни резерви, кои ги подигна на минимум од 350 милијарди долари на сегашното ниво.
Москва исто така интензивно вложува во златото и располага со резерви чија вредност на 1 јануари изнесуваше повеќе од 110 милијарди долари.