Руни: Ако Ливерпул стане шампион, тоа ќе биде кошмар

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на Евертон, Вејн Руни, призна дека не сака екипата на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата. Главната причина за ваквата желба на Руни е големото ривалство помеѓу неговиот поранешен тим и Ливерпул, двете најтрофејни екипи во Англија, а згора на тоа тој кариерата ја започна во градскиот ривал Евертон.
– Се надевам дека Манчестер сити ќе стане шампион, не би сакал навивачите на Ливерпул да слават. Тоа би било најголем кошмар за секој фан на Евертон и на Јунајтед. Се сеќавам кога Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година, нивните фанови сè уште зборуваат за тоа. Ако триумфираат во Премиер лигата, нема да престанат да зборуваат за тоа барем 10-15 години, изјави Руни.
Ливерпул бие голема битка со Манчестер сити за титулата во Премиер лигата, на седум кола до крајот на сезоната „црвените“ имаат 76 бода, два повеќе од тимот од Манчестер, кој пак има еден натпревар помалку.