Роже нема шанси против Надал и Ѓоковиќ на земја

EPA-EFE/RHONA WISE

Роже Федерер со триумфот на Мастерсот во Мајами дојде до 101. трофеј во кариерата, направи скок од петтото на четвртото место на АТП листата но сеуште има големо заостанување зад најголемите конкуренти Новак Ѓоковиќ и Радаел Надал.

Швајцарскиот тенисер најави дека сезонава ќе учествува на турнирите кои се играат на земјени терени но поранешниот светски рекет број четири, Грег Руседски, смета дека нема шанси против најдобрите двајца тенисери.

– Ако се гледаат изминатите три недели, тогаш Роже е најдобар тенисер на светот. Меѓутоа, некој тенисер не го дефинираме дали е најдобар на основа на игрите во последните три недели туку на основа на цела сезона или на кариерата. Убеден сум дека и самиот Роже не верува дека може да триумфира на Ролан Гарос или пак на мастерс турнирите кои се играат на земја. Веројатно размислува дека Ролан Гарос ќе замине во рацете на Надал или Ѓоковиќ или некој трет но нема да биде тој – вели Руседски.

Видео на денот