Ристовски: Се случија некои работи во репрезентацијата, сега не сакам да зборувам

Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

По подолго време Стефан Ристовски не беше во А-селекцијата, како што е познато Ристовски се повлече поради несогласувања со селекторот Благоја Милевски.

За Ристовски исто така било чудно што во време на репрезентативната пауза тој немал обврски, а тоа го зборуваше во интервјуто за „Вечерњи лист“.

„Оваа нова ситуација за мен е чудна. Доаѓа паузата и мене во главата веќе ми е патот и натпреварите со репрезентација, но сега се е мирно. Сега сум само играч на Динамо и сакам да бидам посветен. Одморот добро ми дојде. Во репрезентацијата се случија некои работи, но повеќе на таа тема не би сакал да зборувам“, изјави Ристовски.

Беше запрашан и дали влијаел на одлуката на Адеми да се врати во Динамо по кратката епизода во Кина.

„Не го наговорив да се врати, важно е што Аки се врати таму каде што му е местото и каде што срцето му кажа“, изјави македонскиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот