Рекордот на Манасков ненадминат

epa/Nic Bothma

Медиа тимот на СЕХА лигата пред самиот старт на завршниот „фајнал фор“ објави листа на рекорди „Осум рекорди за осум години“, на која се најде место и за македонските екипи и ракометари.

Дејан Манасков останува рекордер во СЕХА лигата како најдобар стрелец на еден натпревар со постигнати 17 голови, а на листата, но во негативна конотација е и Макс Струмица.

Најмногу голови на играч во едно полувреме:
Радослав Антл 10 (Татран Прешов – Макс Струмица, 31/10/2015)
Дејан Манасков 10 (Вардар – Макс Струмица, 42-27, 2/12/2015)
Блаж Јанц 10 (Целје – Горење, 34-28,15/11/2016 )

Најмногу голови на играч на натпревар:
Дејан Манасков 17 (Вардар – Макс Струмица, 42-27, 2/12/2015)
Радослав Антл 17 (Татран Прешов – Макс Струмица, 31/10/2015)

Од останатите рекорди, Бруно Буторац има најмногу асистенции на еден дуел, вкупно 12. Голмани со највеќе одбрани се Тибор Иванишевиќ, Урбан Лесјак, Иван Стевановиќ и Иван Пешиќ кои запреа дури 23 шутa кон својот гол.

Момир Илиќ и Мартин Серафимов имаат погодено најмногу пенали на еден дуел, вкупно девет, за Веспрем против Војводина и за Металург против Железничар, додека натпревар со најмногу голови е оној меѓу Татран и Нексе со вкупно 80, 43-37.

Најмлад играч што настапил на некој натпревар во СЕХА е надежта на Металург, Стефан Додиќ, кој имаше 15 години и 221 ден кога играше против Татран во октомври минатата година.

Видео на денот