Река со скромна сума во претседателската трка

фото МИА

Независниот претседателски кандидат, Блерим Река во досегашниот дел од кампањата или во периодот од 26 март до 10 април има потрошено околу 18.000 евра.

Овој кандидат има донации само од двете политички партии кои го поддржуваат, Беса и Алијансата за Албанците.

Тие во овој период заедно донирале околу 1.100.000 денари. донации од граѓани нема.

Финансискиот извештај доставен до ДИК од страна на Блерим Река може да го погледнете тука.

Видео на денот