Регионот во шок: Навивачи ископаа гроб среде терен

Непознати сторители вчера вечерта ископале гроб на центарот на фудбалскиот терен на Кршко и до него се направени дупки со бувите „О“ и „Б“. Полицијата се сомнева дека пораката е упатена кон претседателот на клубот Антониј Брдик и спортскиот директор Зоран Омерза.
Гневните навивачи со овој потег ѝ порачаа на управата дека клубот е донесен до работ на пропаст.
Кршко се наоѓа на последното место на табелата во Првата лига во Словенија со 16 бодови и сигурно ќе испадне од лигата.
Доказ дека ова го направиле навивачите е транспарентот на навивачката група „Nuclear Power Boys“.
„Ги осудуваме агресијата, вандализмот и нападите на имотот на клубот“ кратко објави клубот кој потенцира дека полицијата го истражува случајот.
Видео на денот