Редовното следење на бојата на вашата урина може да ви го спаси животот

Првите знаци дека во вашиот организам започнува да се развива одредена болест можат да се забележат преку вашата урина.
Од бојата и од мирисот на урината, секој од нас може многу да дознае за сопственото здравје. Затоа, докторите советуваат, пред да ја пуштите водата од казанчето на вашата веце-школка препорачливо е да „фрлите поглед“ и да погледнете каква боја има вашата урина.
Имено, возрасните луѓе од својот организам, на дневна основа исфрлаат околу 2 литри урина, а ова количество може значително многу да се зголеми, доколку во текот на едно деноноќие сте испиле поголема количина течности.
Урината се состои од 95 отсто вода а нормалната боја која треба да ја има е светло жолта. Според докторите, колку помалку течност пиете, толку вашата урина ќе биде потемна. Доколку забележите дека токму во ваква состојба е течноста која ја исфрлате од вашето тело, веднаш започнете да пиете поголема количина на вода. По неколку часови, вашата урина ќе биде посветла. Доколку не се случи тоа, можеби во вашиот организам се случува нешто непосакувано односно темната боја на урината можеби е прв сигнал за одредени заболувања.
Темножолта или зеленкаста урина
Урината која е постојано жолта, односно бојата е речиси портокалова и тоа подолг временски период, е првиот знак дека вашата слезинка или пак вашето жолчно ќесе не работат онака како што треба, односно дека не си ја извршуваат природната функција. Промената на бојата на урината, односно доколку има светло зелена нијанса, тоа може да биде и првиот симптом дека имате посериозна уринарна инфекција и за да го решите овој проблем, пред да стане многу сериозен, препорачливо е веднаш да се обратите на лекар и да побарате стручно мислење, пред вашиот здравствен проблем дополнително да се искомплицира.
Од друга страна, пак, добро е да знаете и дека, промената на бојата на урината, не мора да биде последица на одредени заболувања. Ваквата промена може да биде и последица на консумирање одредени силни лекови, како што се антидепресивите.
Состојба која јасно ќе ви сигнализира дека работата на вашите бубрези е доведена во прашање, доколу исфрлате пенеста урина, налик на истурен сјај за миење садови. Доколку се најдете во таква ситуација, не чекајте ниту миг повеќе. Веднаш одете на лекар.
Внимавајте што јадете
Доколку подолг временски период забележувате дека вашата урина континуиранио ја менува бојата, тогаш првото прашање кое треба да си го поставите е какви ви се оброците, односно од какви намирници ви се составени. Доколку сте јаделе боровинки, вашата урина може да добие виолетова боја, а пак доколку јадете цвекло, течноста што ја исфрлате може да добие розова боја.
Сепак, доколку нема разумна причина за постојаната промена на бојата на урината, веднаш посетете лекар, бидејќи црвената боја во урината, може да биде крв што пак значи дека вие имате некое сериозно заболување. Истото важи и доколку имате црна урина, таа ви е сигурен доказ дека во вашето тело се развиваат тумори.
Покрај бојата, важен е и мирисот
Свежата урина обично нема никаков мирис, и тоа е така само неколку минути, бидејќи на тоа место, веднаш започнуваат да се појавуваат одредени бактерии кои започнуваат да ја разградуваат и дури тогаш исфрлената урина започнува да мириса лошо.
Сепак, поради одредена храна и вашата урина може непријатно да мириса. Според докторите, храна која може да предизвика лош мирис кај свежата урина е лукот, кромидот и дињата.