РЕЦЕПТ: Кифлички со јогурт

Ако сакате да направите помала доза, преполовете ги состојките

Состојки:

2 килограми брашно
1 квасец
5 јајца
500 милилитри млеко
200 милилитри јогурт
200 милилитри масло за јадење
2 лажички сол
2 лажички шеќер
300 грама маргарин
100 грама сусам

1 јајце

Подготовка:

Во посебен сад растворете го квасецот со малку млако млеко, шеќер и брашно и оставете го околу 20 минути да стаса.

Додека чекате квасецот да стаса, во подлабок сад ставете го остатокот од брашното заедно со другите состојки, но без маргаринот и сусамот. Кога квасецот ќе нарасне, додајте го во садот со брашното и сето тоа убаво измесете го. Подготвеното тесто за кифли, оставете го да отстои околу еден час.

Стасаното тесто, повторно измесете го, а потоа од него формирајте мали топчиња. Од топчињата со помош на сукало, правиме кифли, кои ги редиме во претходно подмачкана тава за печење.

Кога ќе го потрошиме целото тесто, кифлите се премачкуваат со јајце и се наросуваат со сусам.

На секоја кифличка одозгора и се става по малку маргарин. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени додека не ја добијат посакуваната боја.

Видео на денот