Расте бројот на домашни и странски туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2019 година изнесува 43.666, а бројот на ноќевањата изнесува 91.731.
Бројот на туристите во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 6.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7 %.
Бројот на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.3 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 8.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1.0 %.
Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.0 %, а кај странските има намалување за 0.4 %.
Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.2 %, а кај странските има намалување за 5.0 %.