Рама побара укинување на визите од Ли Кечијанг

EPA/KIM KYUNG-HOON/POOL

Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, имаше билатерална средба со премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг, на осмиот самит на шефови на влади од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1, кој оваа година се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

За време на средбата, Рама од Ли побара укинување на визите помеѓу двете земји и забрзување на процедурите за влезот на некои албански производи во Кина.

Од друга страна, Ли потврди дека ќе се бидат тргнати сите бариери за увозот на мед, вино и маслиново масло од Албанија и вети дека ќе се преземат сите неопходни чекори за меѓусебно  укинување на визи и признавање на универзитетските дипломи.

Видео на денот