Работилница за програмата Еразмус+

Асоцијацијата за едукација и тренинг ЦЕТ платформа ќе одржи работилница за програмата Еразмус+ во областа на младите, која ќе се одржи на денеска од 12 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Работилницата се организира во рамки на проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.

Активностите ќе бидат реализирани под менторство на Бојан Коцевски, кој има големо искуство и активно работи како обучувач и консултант за програмата Еразмус+ во областа на младите од нејзиниот почеток во 2014 година, како и со претходната програма Млади во акција. На работилницата ќе биде преставена програмата, нејзините цели и приоритети, клучните акции и можностите кои ги нуди за граѓанските организации, младите и младинските работници. На работилницата ќе биде преставен и начинот за аплицирање на проекти, условите за учество, како и практични и техничи совети за пополнување на апликационите формулари. Учесниците ќе имаат можност да планираат и разработат идеи за проекти за кои ќе добијат фидбек и сугестии за подобрување.

Во рамки на работилницата ќе бидат преставени и дел од реализираните проекти на ЦЕТ платформа и идните можности за мобилност и обука кои ги нуди асоцијацијата во рамки на програмата Еразмус+.

Предвидено е работилницата да трае 6 часа, при што добредојдени се преставници на граѓанскиот сектор, членови на граѓански организации и заинтересирани млади лица.

Видео на денот