Путин го пречека Ердоган во Кремљ

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин, во Кремљ го пречека претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Пред средбата, Ердоган во кратка изјава за медиумите напомена дека за време на осмиот состанок на Високиот совет за соработка меѓу Турција и Русија ќе биде разговарано за стратешките прашања околу воената и трговската соработка, како и за сорботка во областа на културата.

„Нашата цел е трговскиот обем меѓу Русија и Турција да достигне до 100 милијарди долари. Во врска со природниот гас, можеме да кажеме дека морскиот дел од „Турскиот тек“ е веќе завршен. И другите чекори одат според планираното. Целта ни е да завршиме според предвидените датуми.“ изјави Ердоган.

Додека рускиот претседател изрази задоволство за билатералните односи со Турција, пред сè економската соработка, и истакна дека досегашниот обем на трговската размена помеѓу двете земји изнесува 35 милијарди долари.

„Со Турција имаме интензивна соработка во меѓународните односи, и во врска со глобалните прашања“, изјави Путин.

Тој исто така додаде дека изградбата на копнениот дел од гасоводот тече според планираното, и дека изградбата се очекува да заврши по дадениот рок.

Во рамки на состанокот на Високиот совет вечерва ќе има свечено отварање на годината на културата и туризмот на Русија и Турција.

Видео на денот