Првиот Македонец во УФЦ дебитира на 20 април

За прв пат во историјата на најмоќната организација за мешани боречки спортови УФЦ ќе се вее македонско знаме.
На 20 април свое деби во УФЦ се очекува да има Ален Амедовски кој неодамна потпиша договор со најмоќната и најпозната организација за мешани боречки спортови.

Амедовски се очекува да настапи на „УФЦ Фајт најт“ кој треба да се одржи на 20 април во рускиот град Санкт Петербург, а противник ќе му биде познатиот полски борец Криштоф Јотка.
Амедовски доаѓа како замена за повредениот Роман Копилов кој мораше да се повлече од борбата.

Ален Амедовски неодамна потпиша за УФЦ откако имаше две импресивни победи со нокаут во конкурентската организација „Белатор“.

Во првата борба Амедовски за само 1:39 минути го нокаутира Вил Флери, а дека се работи за квалитетен борец, Ален потврди во декември минатата година кога за само 12 секунди го нокаутира и Ибрахим Мане.

Видео на денот