Прв пораз на Зидан во вториот мандат на клупата на Реал (ВИДЕО)

EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Екипата на Валенсија му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид по враќањето на Зинедин Зидан. Во рамките на 30. коло од шпанската Ла Лига поуспешен од Реал Мадрид беше тимот на Валенсија кој славеше со 2:1. Головите за Валенсија беа дело на Гонзало Гуедеш во 35. и Езекиел Гарај во 83. минута, додека Карим Бензема во судиското продолжение го постигна почесниот гол за „кралскиот клуб“.

Леванте загуби со 3:2 на гостувањето кај Атлетик Билбао, а македонскиот репрезентативец поради жолти картони не беше во комбинација за настап.
Сигурен настап на домашен терен имаше и Еибар кој со 2:1 го победи Рајо Валјекано, додека вистинско гол шоу на навивачите им приредија Хуеска и Селта кои постигнаа по три голови.

Видео на денот